државност | ж.
Сувереност, самостојност и организација на власта, коишто ја прават државата. Своја државност. Македонска државност.
државотворен | прид.
Што е во служба, што работи на создавање и зацврстување на државата. Државотворен народ.
државјанин | м.
Припадник на една држава. Македонски државјани.
државјанство | ср.
Припадност кон определена држава. Македонско државјанство.
држалка | ж.
Дел од алатка што се држи со рацете; рачка. Држалката на секирата.
држалје | ср.
држач | м.
Тоа што држи, што потпира, на кое се става нешто; Метален држач. Држачи за крпи.
држешлив | прид.
Што се држи добро, што е во добро здравје и покрај поодминатите години. Држешливо старче.
држи | несв.
Фати и не испушта некого или нешто во рацете или со нешто друго. Држи книга во рацете. Го држеше детето за рака.
дрзне (се) | св.
Покаже смелост, дрскост да направи нешто. Дрзна да заљуби туѓ човек. Се дрзнав да ве побарам. Се дрзнале да се кренат против царот.