дрчен | прид.

Што е лаком, алчен, ненаситен. Беше дрчен кон храната. Стана многу дрчна.

дрчлив | прид.

дрчник | м.

Тој што е дрчен, лаком. Влегол дрчникот ноќе. Двајца дрчници.

дршка | ж.

Дел од предмет што се држи со раката; рачка. Дршката на ножот. Дршки за мотики.

д'тка | несв.

дуализам | м.

Истовремено постоење на два елемента или принципа, најчесто спротивни; двојство.

дуалист | м.

Приврзаник на дуализмот.

дуалитет | м.

Двоен карактер, двојство.

Дубаи | ср.

Град во Обединетите Арапски Емирати.