дубалка | ж.

Направа во која се става детето за да се навикне да стои. Детето беше во дубалка.

дубара | ж.

Двојна двојка во игрите табла и домино. Ми се падна дубара.

дубиоза | ж.

Нејасна состојба, сомнителни побарувања, загуба или одлевање на пари, нејасни патишта по кои се остваруваат некои резерви на пари.

дубиозен | прид.

Што е нејасен, двосмислен. Дубиозна изјава.

дубл | м.

Игра на двојки, најчесто во тенис и во пинг-понг.

дубла | ж.

Вид турска златна пара во вредност од две златни лири, се употребува и како украсен предмет. Беше купена со првата дубла од петте. Беше стокмена како накитено дрво, со павти и дубли.

дубле | ср.

Метал обложен со друг метал (сребро со злато и др.). Украсно дубле.

дублер | м.

Лице што го заменува главниот лик на филм, обично во изведување на тешки и опасни сцени. Беше дублер во неколку филмови.

дублет | м.

Еден од два исти примероци, предмети. Овој ракопис е дублет.