духовит | прид.

Што умее да забавува, да засмејува, што има смисла за хумор. Од него нема подуховит човек. Духовита досетка. Духовити зборови.

духовник | м.

Свештеник. Духовникот ја благослови трпезата.

духовништво | ср.

Свештенички сталеж, свештенство; клер.

душа | ж.

Целокупност на чувствата, свеста и на карактерните особини на човекот; дух 2. Нематеријалното начело на животот на човекот кое по смртта го напушта телото.

Душанбе | ср.

Главен град на Таџикистан.

душевен | прид.

Што се однесува на душата на човекот, на неговиот внатрешен, психички живот. Душевен живот. Душевна драма. Душевна сила. Душевни заболувања.

душек | м.

Цврсто сошиена постилка наполнета со волна, пердуви и сл., која се става врз креветот или на земја и служи за спиење; постела. Мек душек. Сламени душеци. Душеци од пердуви.