деленик | м.
Лице што живее самостојно, што се одделило од семејството. Новата пролет ја пречекал како деленик од имотот и од домот на татка си.
дели | м.
Само со имиња; Дели Мустафа.
дели | св. и несв.
Направи, прави помали делови, расчлени, расчленува нешто врз некоја основа или мерка. Децата го делија лебот на еднакви парчиња. Ги пржеа рипчињата и ги делеа на сите. Дружината ја делеше својата пљачка.
делибаша | м.
Турски старешина, заповедник, на коњаници (на делии) гардиски офицер.
делив | прид.
Што подлежи на делење. Бројот шест е делив со два.
делија | м.
(истор.) Турски коњаник во султановата и везировата стража. Делии со зелени чалми ги собираа машките деца и ги носеа кон престолнината.
деликатен | прид.
Сложен, замрсен, тежок. Деликатен проблем. Деликатно прашање. Деликатна работа. Деликатна тема. Сложена, деликатна и одговорна ситуација. Се најде во деликатна состојба.
деликатес | м.
Вкусно, посебно приготвено јадење или пијалак, специјалитет. Традиционални деликатеси. Алкохолни деликатеси. Продавница за деликатеси.
деликатесен | прид.
Што е вкусен, со специфичен вкус, специјално приготвен. Деликатесно јадење. Деликатесен лут пипер. Шпарглата спаѓа во деликатесни зеленчуци.
деликвент | м.
Тој што извршил кривично дело, виновник, претстапник, злосторник. Со текот на времето ваквите ученици се развиваат во деликвенти.