Дака | ж.

Главен град на Бангладеш.

Дакар | м.

Главен град на Сенегал.

Дакија | ж.

Древна област на Балканскиот Полуостров.

дактил | м.

Трисложна метричка стапка во која е нагласен првиот слог.

дактилограф | м.

Лице што пишува на машина за пишување, на компјутер и сл.; лице чија професија е дактилографија.

дактилографија | ж.

Пишување текст на машина за пишување, на компјутер и сл.; машинско пишување. Курс по дактилографија.

дактилографски | прид.

Што се однесува на дактилографија и на дактилограф. Дактилографско училиште. Дактилографско масиче. Дактилографска машина.

дактилоскопија | ж.

Утврдување на идентитетот на некое лице со земање и со испитување на отисоците од прстите.

дал | чест.

Скратена форма од дали, се употребува најчесто во поезијата и во разговорниот јазик, Дал да се смеам или да плачам, ништо ти не ми кажуваш.

далавера | ж.

Сплетка, подметнување нешто, трик. Прави далавери со зарчиња.