далаверџија | м.
Сплеткар, подметнувач на нешто; снаодлив човек, посредник во необични зделки. Беше далаверџија, се снаоѓаше секаде.
далак | м.
Слезина.
далаклив | прид.
далакосан | прид.
Што боледува од далак. Во стомакот чувствува тежина, далакосан е.
Далас | м.
Главен град на сојузната држава на САД Тексас.
далга | ж.
бран.
далгува се | несв.
далдиса (се) | св.
Се занесе (се) внесе во нешто; тргне по нешто. Се далдисаа во игрите. Се далдиса во девојчето. Другарите далдисале по него дури в чаршија.
далек | прид.
далековид | прид.
(мед.) Што го гледа она што е далеку, а не го гледа добро она што е блиску. Од раѓање сум далековида.