депо | ср.
Стовариште, магацин за стока.
депозит | м.
Пари, накит, документи и др. вредни предмети оставени на чување најчесто во банка.
депозитен | прид.
Што се однесува на депозит. Депозитна банка. Депозитни пари.
депонент | м.
Тој што депонира нешто в банка, вложувач (на пари).
депонија | ж.
Место каде што се исфрла градското ѓубре, ѓубриште.
депонира | св. и несв.
Остави, остава на чување; вложи, вложува пари и др. во банка. Депонира документи.
депортација | ж.
Присилно одведување (обично на политички затвореници) на определено место (во концентрационен логор, во друг крај на земјата и сл.), протерување од местото на престојот; прогонство, заточение.
депортира | св. и несв.
Изврши, врши депортација. Депортира невино население.
депресивен | прид.
Што е душевно потиснат, нерасположен, меланхоличен. Депресивен човек. Депресивна состојба.
депресија | ж.
(мед.) Состојба на душевна потиснатост, нерасположеност, меланхолија. Длабока депресија. Психичка депресија. Паѓа во депресија. Го фати депресија.