дере | несв.

Симнува кожа од животно. Дереше вол. Дере јаре.

дереџе | ср.

Положба, состојба (обично неподнослива, тешка). Видете до кое дереџе дошол.

дериват | м.

Тоа што е изведено, што произлегува од нешто, производ од нешто.

дерле | ср.

Пејор. за дете, детиште, што многу се дере, што плаче.

дерман | м.

Спас, средство за одбрана, лек, мир. Има ли дерман за него? Немам дерман од тебе. Ми дојде дерманот.

дерматолог | м.

Лекар, специјалист за кожни болести.

дерматологија | ж.

Наука од медицината што се занимава со проучување на кожата и со кожните болести.

дермен | м.

Воденица.

дерменџија | м.

Воденичар.

дерт | м.

Грижа, мака, тешкотија.