десант | м.

Префрлување трупи (војска) на непријателска територија по воден или по воздушен пат. Воздушен десант. Поморски десант.

десен | прид.

Што се наоѓа на спротивната страна од страната на срцето, што е на спротивната страна од левата; лев. Десна рака. Десно око. Десно рамо. Десен ракав. Десен чевел. Десен џеб.

десерт | м.

Јадење што се послужува и што се зема по главното јадење (торта, колаче, овошје, сирење и сл.). Можеш да избереш, има три вида десерт.

десертен | прид.

Што се служи како десерт. Десертно сирење. Десертно грозје. Десертно вино.

десет | бр.

Основен број поголем за една единица од девет, се бележи со бројката 10. Десет прсти. Десет денари. Десет Божји заповеди. Во десет часот.

десет- | претс.

Прв дел од сложенки со значење: десет од тоа што е означено со вториот дел на сложениот збор: десетвековен, десетдневен, десеткатница, десеттонски и др.

десетар | м.

Тој што води група од десетмина (работници).

десетерец | м.

Стих од десет слогови. Народен десетерец. Во народните епски песни превладува десетерецот.

десетина | бр.

Приближно, околу десет. Десетина минути. Десетина дена. Десетина метри. Десетина луѓе. Десетина другари. Десетина книги.

десетина | ж.

Единица од десет војници, што ја води десетар. Тргнаа со четите и десетините.