дивизион | м.

Стратегиска единица составена од две до три батерии во артилеријата или од два до три ескадрона во коњицата и сл.

дивизија | ж.

Најголема здружена воена единица за самостојно дејствување. Артилериска дивизија. Воздушна дивизија. Тенковска дивизија.

дивина | ж.

Диво, непроодно, зафрлено, ненаселено место, земјиште. Пуста дивина. Повик на дивината.

дивит | м.

Мастилница од сребро или од друг метал.

дивоградба | ж.

Изграден објект без градежна дозвола. Оваа куќа е дивоградба. Дивоградбите ги рушат.

дивотина | ж.

Дивеч.

дивотија | ж.

Дивина. Природна дивотија. Планинска дивотија.

дивјак | м.

(пејор.) Припадник на примитивно племе, човек што живее во дивјаштво; домородец.