дивјачка | ж.

Дива некалемена овошка и плодот од неа. Неузреана дивјачка. Круша дивјачка.

дивјачки | прид.

Што се однесува, што припаѓа на дивјак, што има особини на дивјак. Дивјачко племе. Дивјачко суштество.

дивјаштво | ср.

Првиот стадиум во развојот на општеството. Ерата на дивјаштвото. Фантастичните приказни се развиле од приказните за животните и од митот, веројатно кон крајот на периодот на дивјаштвото.

дивјаштина | ж.

Дивјаштво, дивјачко однесување. Се вчудоневидов од дивјаштината што владееше меѓу нив.

дига | несв.

дигалка | ж.

Направа за кревање и за пренесување товар. Парна дигалка. Дрвени дигалки на макара.

дигач | м.

(спорт.) Тој што дига тегови. Дигач на тегови.

дигитален | прид.

Што е управуван со допир на прстите, со копчиња.

дигитализација | ж.

Воведување на дигитални уреди. Дигитализација на телефонската централа.

дигитрон | м.

Сметач. Понов тип дигитрон. Џебен дигитрон.