дискусија | ж.

Расправа, претресување некое спорно прашање со цел да се дојде до правилно решение. Долга дискусија. Јавна дискусија. Прашање за дискусија. Поведе дискусија. Прекина дискусија.

дискутабилен | прид.

Предмет за кој може да се дискутира, за кој има потреба да се расправа, што е недефиниран, неутврден. Дискутабилно прашање. Дискутабилни предлози. Дискутабилна статија.

дискутант | м.

Учесник во дискусија, тој што дискутира.

дискутира | несв.

Учествува во дискусија. Долго дискутираа. Жестоко дискутираа. Живо дискутираше.

дислокација | ж.

(воен.) Разместување, распоредување на воени единици на одредена територија.

дислоцира | св. и несв.

Изврши, врши дислокација.

дисонантен | прид.

Што не е усогласен. Дисонантен звук. Дисонантни ставови.

дисонанција | ж.

(муз.) Неусогласување на тоновите, погрешен акорд.

диспанзер | м.

Здравствена установа за амбулантно лекување и контрола на болните и за спречување на ширење заразни болести. Детски диспанзер. Диспанзер за градни болести.

дисперзивен | прид.

Што има својство на дисперзија, што се распрснува. Дисперзивен тек. Дисперзивно својство.