дисјунцкија | ж.
Разделување, исклучување, спротивност.
дитирамб | м.
Античка лирска песна во чест на богот Дионис.
диуретик | м.
Средство што го забрзува излачувањето на урината.
диференцира | св. и несв.
Направи, прави, истакне, истакнува разлика меѓу одделни слични елементи; различи, разликува, издели, изделува. Тие филозофи диференцираат две сфери во историскиот развиток на човештвото.
диференцираност | ж.
Својство на тоа што е диференцирано, разновидност. Постои формална диференцираност на овие броеви.
диференција | ж.
Разлика, нееднаквост, неизедначеност.
диференцијал | м.
(мат.) Бесконечно мал прираст на променливите величини.
диференцијален | прид.
Што се однесува на диференција. Диференцијални црти. Диференцијална математика.
диференцијација | ж.
Разликување меѓу сродни елементи, раздвојување поради настанати разлики. Социјална диференцијација.
дифтеричен | прид.
Што е заболен од дифтерија; што покажува знаци на заболеност од дифтерија.