дистрибуира | св. и несв.
Изврши, врши дистрибуција.
дистрибутер | м.
Тој што врши распределба на нешто, што врши дистрибуција.
дистрибутивен | прид.
Што се однесува на дистрибуција. Дистрибутивен центар.
дистрибуција | ж.
Распределба, поделба на нешто по делови. Дистрибуција на помош во храна по градови.
дисхармоничен | прид.
Што се однесува на дисхармонија. Дисхармонични елементи.
дисхармонија | ж.
Отсуство на хармонија, неусогласеност на деловите во однос на целината.
дисциплина | ж.
Строго утврден ред и правила, задолжителни за сите членови на некој колектив; почитување на тие правила. Војниците не ја почитуваа дисциплината. Не трпам никаква дисциплина, сакам да бидам потполно слободен.
дисциплинира | св. и несв.
Навикне, навикнува некого на дисциплина, на строгост, послушност. Учителот треба да ги дисциплинира своите ученици.
дисциплиниран | прид.
Што ги исполнува обврските, што точно се придржува кон правилата; послушен. Тој беше редовен и дисциплиниран службеник.
дисјунктивен | прид.
(грам.) Што разделува. Дисјунктивни сврзници или-или, а-а и др. Дисјунктивни реченици.