едноженец | м.

Тој што има, што е оженет со само една жена.

едноженство | ср.

Брак со една жена; моногамија.

еднозаб | прид.

Што има само еден заб.

еднозадруго | прил.

Едно по друго, нешто се случува во краток интервал со повторување или непрекинато. Еднозадруго затрештија громови.

едноземец | м.

Човек од иста земја со некој друг, земјак.

еднозначен | прид.

Што има само едно значење. Еднозначен збор.

едноимен | прид.

Што има исто име како некој друг, истоимен.

едноименик | м.

Тој што има исто име со некој друг

еднокатен | прид.

Што има само еден кат. Еднокатна куќа.

еднокатница | ж.

Куќа со еден кат.