еднокатен | прид.
Што има само еден кат. Еднокатна куќа.
еднокатница | ж.
Куќа со еден кат.
едноклеточен | прид.
Што содржи само една клетка. Едноклеточни организми.
еднокомпонентен | прид.
Составен од само една компонента, што има само една компонента.
еднокопитар | м.
Животно со целосно, неразделено копито (коњ, магаре и сл.)
еднокопитен | прид.
Што има копито од еден дел, што им припаѓа на еднокопитарите. Еднокопитно животно.
еднокрак | прид.
Геометриска слика со еден крак.
еднократен | прид.
Што се случува само еднаш, во еден временски интервал или што е направен еднаш, во еден интервал. Еднократно работно време. Еднократна посета. Еднократно дејство.
еднокрвен | прид.
Што има иста крв со некој друг, припадник на ист народ, сонародник. Еднокрвни браќа.
еднокрилен | прид.
Врата или прозорец од само едно крило. Еднокрилна врата. Еднокрилен прозорец.