еквилибристика | ж.
Акробатска вештина во одржување рамнотежа.
еким | м.
Лекар.
екипа | ж.
Група луѓе со исти работни или други задачи.
екипаж | м.
Група луѓе, екипа што управува и одржува авион, брод, тенк итн.
екипен | прид.
Што се прави во екипа или по, меѓу екипи. Екипна работа. Екипни натпревари.
екипира | св. и несв.
Состави, пополни екипа.
екипираност | ж.
Опременост со луѓе и/или со материјал.
еклатантен | прид.
Очигледен, видлив, изразит.
еклектизам | м.
Недоследно спојување и отсуство на полно единство во поврзувањето на ставови, идеи и начела одбрани и преземени од разни учења.
еклектик | м.