екватор | м.

Замислена кружна линија што минува на еднакво растојание од половите на Земјината топка и ја дели на две полутопки.

Екватор | м.

Напоредник што ја дели Земјината топка на две хемисфери.

Екваторијална Гвинеја | ж.

Држава во Африка.

екваторски | прид.

Што се однесува на екваторот, што е покрај екваторот, што има карактеристики на земјите крај екваторот. Екваторска зона. Екваторски земји. Екваторски горештини.

еквивалент | м.

Тоа што е исто со нешто друго и може во целост да го замени.

еквиваленција | ж.

Иста, еднаква вредност.

еквидистанција | ж.

Исто растојание, иста оддалеченост.

еквилибрист | м.

Акробат, циркуски артист што е вешт во одржување рамнотежа.