екосистем | м.

Природно единство, целокупност на живите организми и неживата природа на определен, ограничен простор; Заемните односи меѓу живите суштества и нивната природна животна средина; еколошки систем.

екот | м.

Звук произведен од нешто, кој се слуша на поголемо растојание; одек, одглас, ехо.

екоти | несв.

Звучи силно и се слуша, се шири наоколу.

екран | м.

Бело платно или друга бела површина врз која се врши проекција на филм или на слики, дијапозитиви и сл.

екранизација | ж.

Снимање филм според некое литературно дело; екранизирање.

екранизира | св. и несв.

Снима, сними филм според некое литературно дело.

екс- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење бивш: (ексминистер, експремиер).

екселенција | ж.

Превозвишеност, пресветлост; титулирање, обраќање кон висок дипломатски, државен или црковен претставник.

ексик | изв.

Што е нецелосно, фалично. Ексик и пари, ексик и со.

ексклузивен | прид.

Исклучителен, специјален, што е наменет, достапен само на ограничен број луѓе. Ексклузивна колекција. Екслузивна продавница.