ексклузивец | м.
Специјален учесник, член, гостин, обично пејач што снима песни за некоја дискографска куќа.
екскомуникација | ж.
Исклучување од црковната заедница, фрлање анатема.
екскомуницира | св. и несв.
Исклучи, исклучува од црковна заедница, фрли, фрла анатема.
екскурзија | ж.
Патување со туристичка, културна, стручна, научна или некаква друга цел.
екскурзијант | м.
Учесник во екскурзија.
екскурс | м.
Отстапување од главната тема со цел да се осветли некое споредно прашање при усно или при писмено искажување.
експанзивен | прид.
Што се шири, што се распространува, што освојува.
експанзија | ж.
Проширување, пораст, освојување.
експанзионистички | прид.
Што се однесува на експанзија, што има својство на експанзија.
експедира | св. и несв.
Испрати, испраќа, пратка или порака.