експлозија | ж.

Избувнување, распрснување со силен звук и тресок.

експозе | ср.

Кратко, обично усно излагање, извештај за определена проблематика.

експозитура | ж.

Оддел, клон, филијала на некоја фирма.

експозиција | ж.

Воведен дел во литературно или музичко дело што ги содржи мотивите кои понатаму се разработуваат.

експонат | м.

Предмет што се изложува пред публика на некоја изложба, саем, во музеј и сл. или во излог на продавница; изложен предмет. Археолошки експонат. Музејски експонат.

експонент | м.

Излагач, лице што излага некој предмет, експонат.

експонира | св. и несв.

Изложи, изложува, прикаже, прикажува, истакне, истакнува некого или нешто.

експонираност | ж.

Својство на тоа што е експонирано, изложеност, истакнување во јавноста.

експорт | м.

Извоз на стока во странство.

експортен | прид.

Извозен, што се однесува на извоз.