експликативен | прид.

Што служи за објаснување, толкување, прикажување, излагање на нешто. Експликативен речник.

експликација | ж.

Објаснување, толкување, излагање, прикажување.

експлицира | св. и несв.

Објасни, објаснува, растолкува, толкува, изложи, излага, прикаже, прикажува со изнесување потребни податоци.

експлицитен | прид.

Јасен, изразит, разбирлив, очигледен, протолкуван.

експлоататор | м.

Лице што искористува туѓ труд за свои потреби и цели; искористувач.

експлоатација | ж.

Искористување на луѓето, на нивниот труд.

експлоатира | св. и несв.

Искористува, присвојува плодови на туѓ труд.

експлодира | св. и несв.

Избувне, избувнува со силен звук и со распрскување на парчиња. Експлодира бомба.

експлозив | м.

Материјал што има својство избувливо да експлодира; средство што предизвикува експлозија;

експлозивен | прид.

Што има својство да експлодира.