екстаза | ж.
Занес, восхит, најголем степен на одушевување.
екстазен | прид.
Што е во состојба на екстаза, што се однесува на екстаза.
екстатичен | прид.
екстензивен | прид.
Опсежен, опширен, насочен кон зголемување на количеството, но не и кон подобрување на квалитетот.
екстерен | прид.
Надворешен, што доаѓа однадвор, од друга средина, странски, туѓ.
екстериер | м.
Надворешен изглед, надворешност.
екстериторијален | прид.
Што се однесува на територија, која се иззема од законите на земјата во која се наоѓа бидејќи е на располагање на дипломатско претставништво на друга земја.
екстра | и.
прид. Што е со највисок квалитет, одличен, извонреден. Екстра производ. Екстра класа.
екстравагантен | прид.
Необичен, чуден, настран, што се облекува невооби-чаено, надвор од општоприфатените норми.
екстраваганција | ж.
Необичност, претераност во нешто, настраност, лудост.