екстрадира | св. и несв.
Изврши, врши екстрадиција.
екстрадиција | ж.
Правна постапка во која обвинет или осуден човек од една држава и со престој во друга држава ѝ се предава на првата држава за да биде суден или да ја издржи казната.
екстракт | м.
Материја што е извлечена од животински или од растителни ткива.
екстрактивен | прид.
Што се однесува на екстракт, што дава екстракт. Вина богати со екстрактивни материи.
екстракција | ж.
Вадење, извлекување екстрат.
екстрахира | св. и несв.
Извлече, извлекува, исцеди, исцедува екстракт од нешто.
екстрем | м.
Крајност, крајна граница.
екстремен | прид.
Краен, претеран, прекумерен.
екстремизам | м.
Претераност, непопустливост, непомирливост во постапките и во однесувањето, крајност.
екстремист | м.
Тој што е екестремен, што изразува екстремни ставови.