елбете | мод.

Сигурно, се разбира.

Елдорадо | ср.

Измислено кралство во Јужна Америка, богато со злато.

елеватор | м.

Вид дигалка, кран.

елегантен | прид.

Што се одликува со елеганција.

елеганција | ж.

Отменост, префинетост, вкус во облекувањето и однесувањето, во движењето.

елегија | ж.

Лирска песна во која се изразуваат тажните чувства и расположенија на поетот.

елегичен | прид.

Тажен, жалосен, болно чувствителен, наклонет кон тажно мечтаење.

елек | м.

Вид кратка горна облека без ракави, плетена или од штоф, со копчиња напред или без копчиња, се носи врз кошула, а под сако.

електорат | м.

Составот на избирачкото тело, сите избирачи земени како целина.

електрана | ж.

Објект каде што се произведува електрична енергија. Атомска електрана.