електризира | св. и несв.
Наполни, полни со електрицитет. Тој го електризира чешелот со триење од волнена крпа.
електрика | ж.
Електрицитет, електрична струја. Во куќата поставија жица за електрика. Машините се завртија и водената сила ја претворија во електрика.
електрификација | ж.
Изградба на објекти, постројки за производство и за пренос на електрична струја и воведување на електрични инсталации до непосредните потрошувачи на електрична енергија.
електрифицира | св. и несв.
Изврши, врши електрификација, воведе, воведува електрична енергија во употреба. Новата власт ги електрифицира планинските села.
електрицитет | м.
Една од основните особини на материјата, обусловена од заемното дејство и од движењето на атомските честички, која се манифестира со низа електрични и магнетни појави. Позитивен електрицитет. Негативен електрицитет. Атмосферски електрицитет. Галвански електрицитет.
електричар | м.
Лице што работи на поставување и на одржување на електрични апарати и на електрична мрежа.
електричен | прид.
Што произведува електрична струја. Електрична централа.
електро- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење електричен или упатува на некаква поврзаност со електрицитет, со електрична енергија.
електроанализа | ж.
Анализа со помош на електролиза.
електрода | ж.
Електричен спроводник низ кој влегува или излегува електрицитет од електричен елемент.