електромотор | м.

Мотор што работи на електричен погон, машина преку која се претвора електричната енергија во механичка работа.

електромоторен | прид.

Со својство постојано да ја одржува електричната енергија при движење. Електромоторна сила. Електромоторен погон.

електрон | м.

Една од основните честички на материјата, носител на негативниот електрицитет што кружи околу позитивно наелектризираното јадро во атомот.

електроника | ж.

Наука што се занимава со движењата на атомите во електричното и во магнетното поле и со практичната примена на тие процеси.

електронски | прид.

Што има својство за практична примена на атомите и на процесите што се јавуваат во електромагнетните полиња. Електронска брава. Електронска машина. Електронски систем.

електростопанство | ср.

Гранка од стопанството, која се занимава со искористување на природните извори на енергија за производство на електрична енергија, со пренос и со доведување на електричната енергија до потрошувачите.

електротехника | ж.

Област од техниката во која се проучува примената и искористувањето на електричните и на магнетните појави во практични цели.

електротехничар | м.

Лице што се занимава со електротехниката како со основна дејност, како професија.

електрохемија | ж.

Дел од физичката хемија како научна дисциплина што го проучува заемното дејство на физиката и на хемијата врз електричните процеси.

електроцентрала | ж.

Објект, постројка за производство на електрична енергија;