електрошок | м.

Шок предизвикан со електрична струја при лекување на некои психички заболувања.

елем | чест.

Нели, значи. Криви, прави, нема некое значење, елем улици се.

елемент | м.

(хем.) Материја што не може по хемиски пат да се разложи на поедноставни делови. Хемиски елементи.

елементарен | прид.

Што е основен, појдовен, едноставен. Елементарни услови. Елементарни вежби. Елементарно познавање. Елементарни права.

елемија | ж.

Направа од која се мота предено во клопчиња.

елен | м.

Четириножно, тревопасно диво животно од родот копитари (преживари) со разгранети рогови кај мажјакот; Cervus elaphus. Европски елен. Азиски елен.

елече | ср.

Дем од елек.

ели | сврз.

Ели ме сакај, ели ме оставај. Ел е машко, ели е женско.

еликсир | м.

Најфин екстракт од некоја материја.

елиминаторен | прид.

Што е наменет да врши избор преку елиминација; Елиминаторен натпревар. Оваа фестивалска вечер има елиминаторен карактер.