евро | ср.

Парична единица во Европската Унија.

евро- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење европски (евроазиски, евроинтеграции).

Евроазија | ж.

Заедничко име за двата континента Европа и Азија.

Европа | ж.

Континент.

европеизам | м.

Збор или израз што се употребува во поголем број европски јазици.

европеизација | ж.

Прифаќање на европската култура и на европскиот начин на живот. Европеизацијата на Балканот е подолг процес.

европеизира | св. и несв.

Направи, прави некој или нешто да добие обележја на европската култура. Тие ја европеизираа малата колонија.

европоцентризам | зам.

Свртување кон европската традиција, издигнување и третирање на европската над другите култури. Европоцентризмот најде свој одблесок и во литературата. Модните движења бележат своеивиден европоцентри

евтаназија | ж.

Постапка при која со помош на лекарства се предизвикува лесна и безболна смрт на болен од неизлечива болест. Евтаназијата сè уште не е дозволена законски.

евтин | прид.

Што има ниска цена; скап. Во продавницата имаше евтини дреболии.