евтинија | ж.
Состојба на ниски цени на стоките; Евтинијата на басмите нè натера да купуваме без мерка.
евтинџија | м.
Продавач што продава евтино, поевтино од другите. Тој си беше евтинџија, во неговото дуќанче сè беше поевтино.
ега | чест.
чест. Да би! Камо среќа. Стани Павле, ега жив да не станеш. Лажи сестро, ега го излажеш.
еге | ср.
Рачна алатка со назабена површина што служи за обработка на дрвени, на метални и на сл. површини со која се симнува горниот слој од површината, турпија. Дрвото се обработува со метални егиња.
Егеј | м.
Егејска Македонија | ж.
Дел од областа Македонија во состав на денешна Грција.
Егејско Море | ср.
Море меѓу Грција и Турција.
егзактен | прид.
Точен, вистинит, веродостоен, со можност за научна потврда преку примери. Егзактни науки. Егзактни примери. Егзактни и сигурни научни резултати.
егзалтација | ж.
Занес, возвишеност. Тој ја возвиши до егзалтација силата на народот. Необичното и новото беа повод за егзалтација.
егзалтира | св. и несв.
Предизвика, предизвикува егзалтација. Неговите настапи секогаш ги егзалтираа слушателите.