енигматика | ж.
Составување и решавање загатки.
енигматичар | м.
Тој што се занимава со составување и со решавање загатки.
енигматичен | прид.
Составен од загатки.
Енисеј | м.
Река во Русија.
енклава | ж.
Дел од територија, регион, подрачје издвоено од сопствената и вклучено во друга држава.
енклитика | ж.
Збор без свој акцент што се поврзува при изговорот во акцентска целост со претходниот акцентиран збор (татко ми – таткоми).
енолог | м.
Специјалист за вино.
енологија | ж.
Наука за производство и за чување вино; винарство.
енорија | ж.
Област (територија, населено место) во која служи еден свештеник; парохија.
енормен | прид.
Многу голем, прекумерен. Енормно зголемување на цените. Енормна љубопитност. Енормна издавачка дејност.