енотека | ж.
Збирка на вина.
ентериер | м.
Внатрешност на некаква просторија или градба, објект. Тие изведуваа декорација на ентериерот.
ентитет | м.
Општ назив за некој елемент, за нешто што е, што има јасно издвоено постоње на светот.
ентомолог | м.
Стручно лице, познавач и проучувач на инсекти.
ентомологија | ж.
Дел од зоологијата што се занимава со истражување на инсектите како животински вид, наука за инсектите.
ентузијазам | ж.
Восхит, полет, занес, одушевување, силна емоционална поврзаност со нешто.
ентузијаст | зам.
Лице што е полно со ентузија
енциклопедија | ж.
Книга, научно дело што дава прегледни податоци и информации средени по азбучен ред, кои можат да бидат општи или од некоја определена област. Општа енциклопедија. Детска енциклопедија. Медицинска енциклопедија.
енциклопедсит | м.
Тој што работи врз енциклопедии.
ењави се | несв.
Се тегави, дава отпор кон некакво дејство. Тој се оптегаше, се ењавеше, ама на крајот се согласи.