епохален | прид.

Што обележува една епоха; голем, значаен, важен. Епохално дело. Епохален настан. Епохални вредности.

епрувета | ж.

Стаклен сад со цилиндрична форма што служи за хемиски опити. Стаклена епрувета. Испокршени епрувети.

ептен | прил.

Сосем. Здолништето и беше ептен широко.

ер | м.

Редуциран вокал во гласовниот систем во старословенскиот јазик; голем ер и ер мал. Еровите во слаба позиција се губат, а во силна се вокализираат.

ера | ж.

(истор.) Долг период што се карактеризира со важни настани и кој се користи во историјата како основа за хронологија.

ербап | прид.

Способен, вешт, важен, напернат. Ербап жена. Ербап коњ. Ербап момче, поербап од него нема.

ербаплак | м.

Особина на тој што е ербап. Голем ербаплак има тоа девојче.

ербапштина | ж.

Способност, умешност, важност;