епител | м.

Тенко, површинско ткиво на кожата (и на слузниците) што ги покрива надворешните и внатрешните делови од телото.

епителен | прид.

Површински, тенок. Епително ткиво. Епителен слој.

епитет | м.

Стилско изразно средство, збор, обично придавка, што објаснува и определува друг збор, најчесто именката (од типот: рамно поле, руса глава, гора зелена).

епитрафил | м.

Дел од облеката на православните свештеници во вид на долга лента што се наметнува.

епитроп | м.

Црковен намесник, застапник.

епицентар | м.

Во сеизмологијата – област или место на површината на земјата што се наоѓа над жариштето на земјотресот.

епичар | м.

Лице што пишува епови или употребува карактеристики на епски творби во своите дела. Делата на античките епичари се со трајна вредност.

еполета | ж.

Пришиен дел на униформа, на рамената, со ознака за чинот. Офицерски еполети. Тој беше накитен со бели еполети на рамената.

епопеја | ж.

(лит.) Низа настани што се опишуваат во епска песна; еп.

епоха | ж.

Голем временски отсек во историјата на Земјата.