Ерзурум | м.

Град во Турција.

Еритреја | ж.

Држава во Африка.

еритроцит | м.

Црвени крвни зрнца.

Ерихон | м.

Град во Израел.

еркондишн | м.

Клима-уред, апарат што ја одржува саканата температура на воздухот во затворен простор.

Ерменија | ж.

Држава на Кавказ.

ермик | м.

Гриз. Ермик алва.

ероген | прид.

Што предизвикува полова возбуда. Ероген фактор. Ерогена зона.

еродира | св. и несв.

Разори, разорува; нагризе, нагризува.

ерозивен | прид.

Тоа што е подложно на ерозија и што предизвикува ерозија, процес под дејство на вода и ветер. Ерозивен терен. Ерозивно место. Ерозивен материјал. Ерозивно дејство.