ерозија | ж.
(геол.) Разорување, трошење на земјината кора под дејство на природни процеси. Во некои предели се забележани големи ерозии. Ерозија на почвата. Површинска ерозија.
еротика | ж.
(лит.) Љубовна поезија и литература во која се воспеваат сетилните страсти.
еротичен | прид.
ерудит | м.
Човек со широки знаења.
ерудитен | прид.
Учен, начитан, широкообразован. Ерудитен публицист. Ерудитен мајстор.
ерудитивен | прид.
Што се одликува со ерудиција. Ерудитивен прилог. Ерудитивна реторска беседа. Ерудитивен третман. Ерудитивен роман.
ерудиција | ж.
Широко, големо знаење од повеќе подрачја; ученост, начитаност, научност. Не е доволен само талент, потребна е и ерудиција. Теолошка ерудиција. Филолошка ерудиција.
еруптивен | прид.
Вулкански, што потекнува од ерупција. Еруптивен предел.
еруптира | несв.
За вулкан – исфрла, исфрли лава, гасови и сл.
ерупција | ж.
Силно, нагло исфрлање разни материи (лава, вулкански камења, нафта и сл.) од внатрешноста на Земјата. Вулканска ерупција. Ерупција на Етна. Силни ерупции во морето.