етно- | претс.
Како прв дел од сложенки, означува дека вториот дел од зборот се однесува на народ, народност: етнокултура, етномузика.
етногенеза | ж.
Процес на создавање и развиток на определена етничка група, народ, нација.
етнограф | м.
Лице што се занимава со етнографија.
етнографија | ж.
Наука што ги опишува животот и обичаите на еден народ.
етнолог | м.
Тој што се занимава со етнологија.
етнологија | ж.
Наука што ги проучува потеклото и развитокот на народите и нивната материјална и духовна култура.
етнос | м.
Народ, племе.
Етрурија | ж.
Древна држава на Апенинскиот Полуостров.
еуфемизам | м.
Употреба на поблаг збор или израз за нешто лошо, непријатно, грубо или непогодно за дадена ситуација (на пр. не ја кажува вистината наместо лаже, си го зеде господ наместо умре).
еуфонија | ж.
Милозвучност, хармонија на звуците.