етикеција | ж.

Утврден ред и правила за начинот на однесување во определен општествен круг.

етимолог | м.

Лице што се занимава со етимологија.

етимологија | ж.

Дел од лингвистиката што го проучува потеклото на зборовите. Етимолошки речник.

Етиопија | ж.

Држава во Африка.

етичар | м.

Лице што се занимава со етика, што живее во согласност со етичките норми и правила.

етички | прид.

Што се однесува на етика;

Етна | ж.

Вулканска планина во Италија.

етник | м.

Назив на жител на некое населено место, крај, земја и сл.

етникум | м.

Етничка целина, етнос, народ.

етнички | прид.

Што се однесува на етник и на етнос. Етничка група. Етничка припадност. Етничка средина. Етничко потекло. Етнички својства.