ждринготи | несв.

Испушта силни и испрекинати звуци; ѕвечи. Тие ги трескаат вратите и ждринготат со котлите.

жебрав | прид.

Што е со набрана, збрчкана кожа (обично за човек). Остана само твоето голо, жебраво тело.

жебурав | прид.

жебуркоса | св.

Се збрчка, се набра во кожата. Тој беше стар и жебуркосан.

жеволи | несв.

Прежива; ја преџвакува храната. Воловите жеволеа во шталата.

жеволка | несв.

Прежива полека, по малку, ја преџвакува храната. Кравата жеволкаше.

жег | м.

Знак што се става на дрвја или на животни; жиг, белег. Селаните им ставија жегови на овците.

жега | несв.

За болка – прободува, силно пече. Ме жега во слабините.

жега | ж.

Голема жештина предизвикана од сонцето; горештина, припек, вруќина. Го фати пладневната жега.