жегавица | ж.

Бодеж, остар убод од нешто. Во телото сети остра жегавица.

жегалец | м.

Инсект што испушта остри звуци; Cicada orni. Во воздухот се слушаше шум на летни жегалци. Жегалците гласно пееја.

жеглив | прид.

Што е остар, силен; што предизвикува болка. Потоа нешто жегливо го жегна во градите.

жегнат | прид.

жегне | св.

жега.

жегол | м.

Железна или дрвена прачка што се става на јарем при впрегање.

жед | ж.

Потреба, желба за пиење течност. Тие ја гаснеа жедта со ладно пиво.

жеден | прид.

Што чувствува потреба за пиење. Тој беше лут, измрзнат и жеден за голтка вода.