женска | ж.
Општо, лице од женски пол.
женскар | м.
женски | прид.
Што е од спротивен пол на машкиот. Женско дете. Женски јагниња.
женско | ср.
Жена како пол. Женското ми учи во гимназија.
женсковина | ж.
женскост | ж.
Множеството особини што го прават полот и природата на жената (привлечност, нежност, чувствителност, женственост и др.).
женскотија | ж.
Множество женски лица во семејството или во некоја друга средина; жени. Неговата невеста му ја наполни куќата со женскотија.
женствен | прид.
Што е својствено за жените, што е како кај жените, што има типични женски карактеристики. Женствена фигура. Женствен изглед.
женштија | ж.
женштина | ж.