жени | несв.

Подготвува машко лице да стапи во брак. В недела имам свадба, син женам.

женидба | ж.

Стапување на машко лице во брак. За женидба има време.

женидбен | прид.

Што се однесува на женидба. Женидбен договор. Женидбени трошоци.

женин | прид.

Што ѝ припаѓа на сопругата, што се однесува на сопругата.

женира | несв.

Пречи некому, создава непријатност. Таквиот настап ме женираше.

женка | ж.

Животно од женски пол;

женкар | м.

Тој што претерано им се додворува на жените, што трча по жени. Тие биле големи женкари и од нив пиштеле и момите и жените. Штом е пијаница, тој мора да е и женкар.

женкарство | ср.

Особина на тој што е женкар, претерано додворување на жените.

женољубец | м.

Лице што ги сака жените.

женомразец | м.

Лице што ги мрази жените. Двајцата беа неженети и женомрасци.