живец | м.

Кожичка околу коренот на ноктот.

живин | прид.

Што се однесува на жива, што е од жива. Живин термометар.

живина | ж.

(само едн.) Домашни птици, пердувести животни. Објектите во кои се сместува живината се нарекуваат живинарници.

живинарник | м.

Место, заграден простор или кафез каде што се чува живина. Живинарникот е поголема ѕидана зградичка со полно простории и прегради за секаква живина.

живинарство | ср.

Одгледување живина како стопанска гранка.

живка | несв.

живко | прил.

Многу живо, раздвижено, весело. Тој зборуваше живко.

живне | св.

Закрепне, поврати животна сила, добие живост; стане пожив. Младинците живнаа. По обилните дождови живнаа растенијата. Коњот живна кога го виде својот стопан. Во собата живнаа разговорите.

живодер | м.

Лице што дере болни или пцовисани животни.