живодерник | м.

Черга од коноп што служи за покривање. Се покри со живодерникот.

живодерство | ср.

Особина на тој што е живодер_2 Тоа е живодерство.

живожален | прид.

Што е за жалење, кутар.

живожарица | ж.

Жив оган, оган што гори.

живопис | м.

Ликовна уметност во која се слика со бои; сликарство. Света Гора била најпозната школа каде што мајсторите ги изучувале тајните на живописот.

живописен | прид.

Што се однесува на живопис.

живописец | м.

Уметник што се занимава со живопис. Фреските од црквата се направени од искусен живописец.