жилавина | ж.
жилавка | ж.
Сорта бело грозје. Жилавката е многу родна сорта.
жилавост | ж.
Особина на тој што е жилав и својство на тоа што е жилаво; упорност, истрајност, постојаност.
жилест | прид.
Што има многу жили. Гледаше во своите жилести раце.
жилет | м.
Ноже за бричење; машинка (направа) за бричење со ноже.
жилетка | ж.
Капутче, елече.
жили | несв.
Пушта жили, корен (за млади, едногодишни гранки што се оставаат да пуштат жили за садење). Коренот жилеше.
жилиште | ср.
Место на живеење; куќа, стан. Кнезот го препорачaл Климента на тамошното население и му доделил три бојарски жилишта во градот Девол.
жилиштен | прид.
Што се однесува на жилиште; станбен.
жило | ср.
Орган во вид на игличесто цевче поврзано со жлездата што лачи отров на задниот дел од телото на некои инсекти (пчела, оса, стршлен) од каде што истекува отров при убод.