жир | м.

жирант | м.

Потписник на меница; лице што ја гарантира исплатата на меницата. Татко му ја потпишал меницата како прв жирант.

жирафа | ж.

Африканско животно, преживар со бледожолта боја на кожата прошарена со темни дамки и со многу долг врат; Giraffa camelopardalis.

жири | ср.

Комисија од стручни или од избрани лица што врши избор за рангирање или наградување на разни конкурси, изложби или натпревари.

жирит | м.

Тенок стап.

жиро | ср.

Писмен пренос на меница или на некое друго банкарско побарување од еден сопственик на друг.

жиро- | претс.

Прв дел од сложенки со значење: што се однесува на жиро, што е во врска со жиро. Жиро-сметка, жиро-конто, жиро-налог.

житар | м.

Трговец со жито. Житарите евтино го купуваат житото, а го продаваат скапо.

житарец | м.

Инсект тврдокрилец кој го напаѓа житото; Zabrus tenebrioides. Житарецот е еден од најопасните штетници на пченицата, јачменот и 'ржта.