жуборлив | прид.

Што жубори, што создава жубор. Од сите страни навеваше жуборлива музика.

жуга | несв.

Тера посилно во својот развој, заживува; Зародиш на смев почна да жуга во мене.

жугне | св.

(за растенија) Живне, потера посилно во својот развој. Пченицата жугна. На дрвото жугнале две фиданки.

жудлив | прид.

Што има горчливо-киселкав вкус што ја собира устата. Испив голтка вино од жудливо грозје.

жудливост | ж.

Својство на тоа што е жудливо. А кој не знае дека жудливоста е тежина, не леснина!

жужалец | м.

Инсект што испушта остри звуци; штурец; Gryllus campestris. Однекаде зацрца жужалец.

жужел | м.

Вид бумбар, тврдокрилец; Carabus.

жулав | прид.

жулавица | ж.

Вид габа, печурка.