жртва | ж.

Тоа што се принесува како дар на некое божество во знак на благодарност или за придобивање милост. Новата жртва ја водат кон жртвеникот.

жртвен | прид.

Што се однесува на жртва; што е определен за жртва. Жртвен обред.

жртвеник | м.

Во многубожечките религии, место (обично издигнато) за принесување жртви на божеството.

жртвува | св. и несв.

Принесе, принесува жртва на божество. На празникот треба да жртвуваш едно јагне.

жуберка | несв.

Жубори по малку, во помала мера; жубори. Од лево одеше испресечен дол и по него жуберкаше бистро поточе.

жуберкав | прид.

Што жуберка, што има својство да жуберка. Ги слушав ноќните жуберкави води.

жуберлив | прид.

Што жубори, што создава жубор. Седна покрај жуберливата река.

жубор | м.

Шум што го создава водата. Го слушам жуборот на изворите.

жубори | несв.

Произведува жубор (за вода и други течности; за човечки гласови, за птици и сл.). Пролетните води жубореа.

жуборка | несв.

Жубори по малку, во помала мера; Чешмичкава жуборка тивко, заглушено и еднолично.