жалостив | прид.

жалузии | ж.

Ролетни, капаци на прозорец или врата за регулирање на светлината и воздухот

жалфија | ж.

Лековита билка во форма на збиена грмушка што има пријатен ароматичен мирис, со сребренозелени листови покриени со влакненца и сино-розови или бело-розови цветови на врвовите од стеблото и разграноците. Salvia officinalis. Во ливадата се ширеше мирисот на жалфијата.

жандар | м.

жандарм.

жандарм | м.

Припадник на жандармерија.

жандармерија | ж.

Посебни полициски единици, организирани и делумно вооружени како војска. Останаа само одредите на жандармеријата. Кралската жандармерија.

жанр | м.

Определена форма на литературно или на друго уметничко дело што се изделува со сижетните, стилските и др. особености; род; вид. Епски жанр. Драмски жанр.

жапка | ж.

Дем. од жаба.

жапче | ср.

Дем и хип. од жаба.

жар | ж.

Вжештени остатоци од согорување на дрво, јаглен и сл., без пламен и чад. Пастрмка на жар. Го извади жарот од печката. Некој со вода ги полеваше жарјето во мангалот.